Авантгардниот нов SUV на Peugeot – новиот 3008 – пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Авантгардниот нов SUV на Peugeot – новиот 3008 – пристигна во Македонија!

Новиот Peugeot 3008 беше вистинско изненадување – авантгардниот нов француски SUV внесува свежина во класата – и веќе пристигна во салонот на Еуроимпекс!

Како што веќе пишувавме, новиот 3008 носи многу новитети за Peugeot. Веднаш се забележува модерниот дизајн кој станува препознатлив симбол на SUV моделите на Peugeot, а во ентериерот вниманието го привлекува новиот i-Cockpit ентериер. Пред возачот има поставено огромен 12.3-инчен дисплеј кој ги прикажува сите потребни информации, а на централната конзола има уште еден дисплеј каде се прикажуваат информациите од мултимедијалниот уред, клима уредот, навигацијата, итн.

peugeot-3008-skopje-interior

Новиот 3008 може да се нарача со неколку различни бензински и дизел мотори. Во понудата може да се најде 1.2-литарскиот PureTech со 130 коњски сили во комбинација со автоматски или мануелен менувач, како и 1.6-литарски THP со 165 коњски сили и 6-степен автоматски менувач. Доколку сакате турбодизел, тука се BlueHDI моторите со зафатнина од 1.6 или 2 литри кои нудат меѓу 100 и 180 коњски сили. Секако, и тука постои опцијата за комбинирање со автоматски или мануелен менувач.3

peugeot-3008-skopje-rearlow

Луѓето од Peugeot со право се горди на новиот 3008 – кој воедно е и кандидат за автомобил на годината во Европа. Ние наскоро ќе имаме можност подобро да го запознаеме новиот француски SUV, и со задоволство ќе ви ги пренесеме впечатоците.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.