Романскиот оддел на производителот Ford реши да создаде Gymkhana видео со кое ќе ја прослави 40-годишнината на една од нивните локални фабрики.
Сепак, тука во главните улоги не се Кен Блок и неговата Fiesta – наместо него, главното шоу го водат двократниот Романски рели шампион Симоне Темпестини и неговата Fiesta R5. Автомобилот можеби не е толку брутален како оној на Блок, но е доволно моќен благодарение на неговиот 1.6-литарски четири-цилиндарски турбо-бензински агрегат со 290 коњски сили, усогласен со Sadev пет-степен секвенционален менувач. Како и што прикажува видеото, овој пакет е идеален за сите „крофни“ и дрифт акробации кои ги нуди една Gymkhana.
Погледнете го одличниот начин за прославување на еден роденден во автомобилски стил и уживајте!