Новата Digital Light технологија на Mercedes-Benz ветува револуција во осветлувањето! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата Digital Light технологија на Mercedes-Benz ветува револуција во осветлувањето!

Онаму каде конкурентите одат во насока на ласерско осветлување, Mercedes-Benz реши да пристапи малку поинаку и ја претстави новата Digital Light технологија!

Германскиот производител наскоро во своите модели ќе понуди нова, навистина напредна технологија за осветлување која би требало да биде своевидна револуција и во осветлувањето, и во тоа како го користиме.

F015 концептот е првиот автомобил кој ја носи оваа технологија, и всушност предните светлосни групи користат мали леќи кои Mercedes-Benz ги нарекува „микро-огледала.“ Секој фар има еден милион од овие мали огледала кои соработуваат со камера и радарски сензор за да ја изменат дистрибуцијата на светлина во зависност од околината и другите учесници во сообраќајот. Ова е возможно бидејќи секое огледалце може да се придвижува индивидуално, и да овозможи да не се заслепуваат учесниците кои доаѓаат од спротивната страна.

Во секој фар има четири „светлосни точки“ кои имаат по 1024 LED чипови, односно вкупно 8129 LED сијалички во двата предни фарови. Според она што го кажуваат од Mercedes-Benz; тие сакаат да постигнат максимално осветлување и оптимална видливост без притоа да заслепуваат“. Технологијата е толку напредна, што може да проектира симболи на возната површина. На пример, може да проектира пешачки премин на улицата и да ги информира пешаците дека е безбедно да ја поминат улицата.

Од Mercedes-Benz сè уште не кажуваат кога точно оваа технологија ќе биде претставена во сериски модел, но кажуваат дека ќе биде „на улиците во многу блиска иднина.“ Веќе е најавен фејслифтот на тековната S-Class, дали можеби токму знаменосецот на Mercedes-Benz ќе ги добие овие светла?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.