full screen background image
Search

Освежениот Seat Leon Cupra има 300 коњски сили, караванот добива AWD

По неодамнешното освежување на Leon, неизбежно беше дека и врвната изведба на хечбекот на SEAT ќе добие соодветно „затегнување.“

Освежениот SEAT Leon Cupra тукушто стана најмоќниот SЕАТ на сите времиња! Знаменосецот на Leon гамата на Seat го носи истиот 2-литарски TFSI кој се вградуваше во Cupra 290, но сега има неколку ревизии кои му овозможуваат да испорача 300 коњски сили и 380 Nm вртежен момент.

Благодарение на дополнителните 10 коњски сили и 30 Nm вртежен момент, времето потребно да се постигнат 100 километри би требало да се скрати во однос на досегашните 5.7 секунди доколку имате автомобил опремен со DSG, односно 5.8 секунди со мануелен менувач. SEAT сè уште не ги објавува официјалните податоци, но сигурни сме дека наскоро ќе бидат објавени.

seat-leon-cupra-facelift-wagon

Она што го објавија е дека Leon Cupra сега може да се добие со динамичка контрола на шасијата (DCC), електронски само-заклучувачки диференцијал и прогресивно управување. Купувачите ќе можат да изберат меѓу Comfort, Sport, Eco, Individual и Cupra режими на работа, а Leon ги добива и најновите системи за асистенција, како што се Traffic Jam Assist и Pedestrian Protection.

Причина за славење имаат и фановите на караваните – Leon Cupra ST сега ќе може да се добие со DSG менувач со двојна спојка и погон на сите четири тркала!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.