full screen background image
Search

Новиот карбонски аудио систем на Lamborghini чини повеќе од просечен автомобил

Доколку сте во потрага по нов аудио систем истиот можете да го најдете во вашата локална продавница за електроника за релативно малку пари. Сепак, доколку парите ви тежат во џебот, Lamborghini го нуди правото нешто за вас.

Италијанскиот производител на спортски автомобили овојпат претстави еден сосема необичен модел – аудио систем создаден во соработка со iXOOST. Наречен Esavox, системот користи монокок конструкција од карбонски влакна, како и вистински издувен систем од Aventador. Дополнително на тоа, доаѓа со амортизери за стабилизирање на секој од керамичките звучници.

Моделот испорачува сила од 800 вати и кристален звук благодарение на 6.1 виртуелниот сараунд систем. Останатите можности вклучуваат Bluetooth 4.0, аналоген влез и ADC/DAC излез. Можеби најимпресивното нешто е тоа дека целиот аудио систем е направен рачно. Или сепак, тоа може да биде неговата цена: ова нешто би ве чинело вртоглави 24.000 долари!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.