full screen background image
Search

Шефот на Maserati сака наследник на MC12

Помина навистина многу време од легендарниот и ултра-екслузивен MC12 – сега Harald Wester, шефот на Maserati сака негов наследник!

Според Wester, италијанскиот производител „би можел да понуди екстремно ексклузивен автомобил како MC12, но не во моментов.“ Дополнително, знаејќи го потеклото на MC12, интересно би било да се размисли врз основа на кој автомобил би бил направен наследникот на овој автомобил.

Ако се сеќавате, MC12 всушност беше Ferrari Enzo со значително преработена надворешност. Беа произведени само 25 примероци наменети за хомологација на тркачки автомобил. Дополнително, автомобилот го правеше Ferrari за Maserati. Сепак, во иднина Maserati сами би го правеле својот ексклузивен автомобил – според Wester со само 1100 вработени, компанијата е доволно флексибилна да може да го постигне токму тоа.

Но таков проект најверојатно малку ќе почека – веќе ги знаеме плановите на Maserati поблиската (и подалечна) иднина. Maserati покрај Ghibli и Quatroporte ќе го понуди и својот прв SUV – Levante, а се планираат и два модели со две врати – наследникот на GranTurismo и новиот модел базиран на Alfieri концептот.

lamaserati-anton-carclub

Сепак, мораме да признаеме дека би било интересно да видиме наследник на MC12 базиран на Ferrari LaFerrari – всушност, ние веќе објавивме како тоа би можело да изгледа – и тоа дизајнот е на македонскиот дизајнер Антон Ѓоршев!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.