Hyundai Genesis Coupe оди во пензија, ќе добие полуксузен наследник – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai Genesis Coupe оди во пензија, ќе добие полуксузен наследник

Тековната моделска година ќе биде последна за Hyundai Genesis Coupe, а компанијата планира да го замени со ново и полуксузно купе од премиум брендот Genesis.

Една од најважните причини за пензионирањето на Genesis Coupe е фактот дека сега Genesis е засебен бренд, па пологично е луксузното купе да биде претставено под капата на овој бренд. Сепак, тоа најверојатно ќе се случи кон крајот на оваа декада.

Купето на Hyundai не беше особено популарно на стариот континент, но затоа имаше забележителен успех во северна Америка, каде се нудеше со 3.8-литарски V6 кој испорачува 350 коњски сили, а силата ја пренесува кон задните тркала преку 6-степен автоматски или рачен менувач. Додека се нудеше во Европа, во понудата беше и 2-литарски турбо-бензинец со 213 коњски сили.

Наследникот на Genesis Coupe е веќе потврден – и тоа не само од планот на Genesis кој се појави на интернет пред неколку месеци, туку и од страна на Christine Henley, одговорната за односи со јавност на Hyundai Motor America која изјави дека „ново, пософистицирано и полуксузно купе кое повеќе одговара на Genesis брендот се развива во моментот.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.