full screen background image
Search

Песочна скулптура од новата SEAT Ateca ги пречекува патниците на аеродромот во Барселона

Еден од начините на кој шпанскиот производител го промовира својот прв SUV е преку 26-тонска песочна скулптура поставена на аеродромот во Барселона!

Скулптурата – која патем е во реална големина – е изработен од 26 тони песок, а е дело на шпанскиот уметник Sergi Ramirez. Песочната реплика е поставена во Терминалот 1 на El Prat аеродромот во Барселона, а веднаш до песочната скулптура е поставена и вистинска верзија од првиот SUV на SEAT.

„Целта на оваа инстаналција е да се промовираат уметнички дела изработени во Барселона. Барселона го има еден од 10-те најактивни аеродроми во Европа и е вистински идеална локација за да претставиме Ateca, но и да ја истакнеме врската која бреднот ја има со овој град“ – изјави Susanne Franz, глобалниот маркетинг директор на SEAT.

Ова е навистина интересен начин да се истакнат и теренските амбиции на Seat Ateca – а мораме да признаеме дека песочната верзија изгледа како вистинската!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.