full screen background image
Search

Целата европска гама на KIA ќе добие Apple CarPlay и Android Auto

Како што расте популарноста на конективноста и интероперабилноста, корејскиот производител планира да воведе Apple CarPlay и Android Auto поддршка во целата своја гама во следните 18 месеци.

Првиот модел кој ќе добие Android Auto ќе биде хибридниот Niro. Овој систем е предвиден да работи на уреди кои имаат Android 5.0 Lollipop или понова верзија на оперативниот систем. Android Auto нуди Google Maps навигација, можности за hands-free користење, гласовни команди и уште многу, многу дополнителни функционалности. Niro ќе пристигне на пазарот кон крајот на оваа година.

kia-android-auto

До крајот на годината, Niro ќе добие и Apple CarPlay компатибилност. CarPlay системот работи со iPhone 5 или понови уреди, и нуди Siri гласовна контрола, навигација, streaming за музика, и уште многу повеќе. Обата системи ќе се вградуваат во 7 или 8-инчни мултимедијални уреди поставени во средината на централната конзола.

kia-optima

 

По премиерата на Android Auto и Apple CarPlay во KIA Niro, овие функционалности ќе се понудат и кај сите други модели во европската гама на KIA. Веќе е најавено дека системите ќе ги добие хибридната Optima PHEV, но и Optima Sportswagon, а понатаму ќе ги добијат и Cee’d, Sportage и другите модели на брендот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.