full screen background image
Search

Кога можете да си го дозволите ултимативното..

Кога сте саудиски принц и имате неограничено многу пари, можете да си дозволите и Bugati Chiron, но и Bugatti Vision Granturismo!

Според познавачите, принцот Badr bin Saud има на располагање повеќе од 21 милијарда долари, па очигледно не му е проблем да одвои малку од тоа за да си ги дозволи автомобилите кои ги посакува. Bugatti официјално изјави дека принцот „дал најубедлива понуда“ за да ги купи двата автомобили, а познавачите кажуваат дека таа понуда била значително повисока од 5 милиони долари.

bugattis-rear2

Обата автомобили се придвижувани од монструозниот 8-литарски W16 мотор на Bugatti. Знаеме дека Chiron има на располагање 1500 коњски сили, дека постигнува 100 километри на час за само 2.5 секунди и дека постигнува максимални 420 километри  на час. За Vision GranTurismo немаме информации околу перформансите, но не би биле изненадени доколку и тие се „таму некаде.“

bugattis-rear1

Така се живее.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.