full screen background image
Search

Дали Škoda планира да се врати на северноамериканскиот пазар?

Познавачите одамна шпекулираат дека чешкиот производител планира да се врати во Северна Америка – но откако Škoda ги регистрираше имињата на своите модели на тамошниот пазар, изгледите за тоа се уште поголеми!

Според AutoGuide, чешкиот производител ги регистрираше имињата Yeti, Octavia и Superb, но и додатоците vRS и H-TEC во Соединетите Американски Држави – а тоа може да значи две работи – или Škoda сака да ги заштити имињата од можноста друг производител да ги користи на тамошниот пазар, или пак планира враќање на овој пазар. Да, Škoda веќе продаваше автомобили во Северна Америка, но тоа било пред повеќе од 50 години.

2017-skoda-kodiaq-tour-de-france-paris-6

„Ако одлучиме да се натпреваруваме во Соединетите Американски Држави, имаме само една шанса да оставиме добар прв впечаток. Веруваме дека ако сме на тој пазар сега, Kodiaq би бил полн погодок.“ – изјави челникот на Škoda, Bernhard Maier.

2017-skoda-kodiaq-tour-de-france-paris-7

Сега за сега, Škoda нема дефинирано рокови кога би се извело враќањето во Северна Америка, но знаеме дека покрај овој пазар, чешкиот производител размислува и за влегување на пазарите во Јужна Кореја, Сингапур и Иран. Во меѓувреме, скоро е готов Kodiaq – новиот SUV со седум седишта кој ќе биде претставен на саемот на автомобили во Париз а ќе започне да се продава следната година. Kodiaq веќе започна да се појавува во јавноста – беше официјалното возило за поддршка на овогодинешниот Tour de France, а зад воланот беше Stephen Roche, поранешен победник на ова престижно натпреварување и сегашен бренд-амбасадор на Škoda.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.