full screen background image
Search

Mercedes-Benz го забрзува планот за електрични возила

Daimler сака да го забрза развивањето на електрични возила во Mercedes-Benz, со цел да биде на самиот врв меѓу конкурентите.

Според Dieter Zetsche, претседателот на Daimler, сегментот на електрични возила полека но сигурно зема поголем залак од пазарот, и многу е важно за Mercedes-Benz да го погоди тајмингот со овие автомобили.

„Го прилагодуваме планот на ова поле. Многу е важно да се има вистинскиот тајминг. Намерно, но и следејќи ги трендовите, мораме да станеме поагресивни на тој план.“

Понатаму, тој изјави дека Mercedes-Benz ќе ги открие своите планови (или барем поголем дел од плановите) за електрични возила на Саемот на Автомобили во Париз во Октомври. Според познавачите, се очекува Mercedes-Benz во Париз да претстави концепт за електрично возило со автономија од 500 километри, кој би се нашол во сериско производство пред 2020-тата година.

Со цел да ги оствари овие планови, Daimler ќе ги зголеми инвестициите во овие технологии. Се очекува инвестициите да бидат „значително поголеми“ од минатогодинешните инвестиции од 6.6 милијарди евра, односно 5.7 милијарди евра во 2014. Германскиот производител ќе ги посвети овие ресурси кон развивање на нови мотори со ниска емисија на штетни гасови, но и алтернативни погони, автономни технологии и нова генерација на батерии наменети за хибридните и електричните возила.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.