Volvo планира целосно да ги замени турбодизелите со хибридни модели – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volvo планира целосно да ги замени турбодизелите со хибридни модели

Со оглед на негативниот имиџ кој дизел-моторите го имаат, шведскиот производител планира целосно да ги исфрли од својата програма и да ги замени со напредни хибридни погони.

Концептите кои Volvo неодамна ги прикажа и кои истовремено ја најавуваат Серијата 40 на Volvo, се придвижувани од нов T5 хибриден погон. За време на промоцијата, претседателот на Volvo – Hakan Samuelsson – изјави пред новинарите дека Volvo планира прогресивно да ги замени турбодизел моторите во следните 10 години.

„Ова е навистина привлечна алтернатива за дизел моторот. Нуди значително пониска емисија на CO2, но со помалку или повеќе исти перформанси во однос на коњските сили и вртежниот момент. Во однос на цената, сигурен сум дека во следните неколку години ќе видиме вистинска промена – дизел-моторите ќе станат посакапи, а хибридните системи поевтини.“ – изјави Samuelsson.

Volvo најавува дека T5 моторот (и нему сличните хибридни системи) ќе понудат економичност налик на дизел моторите во реални услови, а се очекува погонот на Volvo да има емисија на CO2 пониска од 95 грама на изминат километар. Дополнително, Samuelsson верува дека системите за намалување на штетните емисии кои веќе се дел од турбодизел моторите ќе станат значително поскапи и долгорочно-покомплицирани во однос на хибридните системи.

„Дизелите ќе бидат поскапи, ќе имаат значително понапредни системи за пост-третирање на издувните гасови, со дополнителни течности кои ќе треба да се дополнат еднаш годишно, но многу поверојатно е дека ќе треба да го правите тоа секој пат кога ќе дополните гориво. Сигурен сум дека процентот на дизел возила на патиштата ќе се намали. Дали целосно ќе ги снема? Не знам, не треба да шпекулираме, да дозволиме иднината и луѓето да одлучат. Доволно сме флексибилни да понудиме она што пазарот го бара.“

Поврзано:  Volvo EX90 ќе биде првиот автомобил кој ќе добие пасош

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.