Ford лансира ST-Line пакет за Fiesta и Focus – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford лансира ST-Line пакет за Fiesta и Focus

Инспириран од спортските ST варијанти, Ford претстави ST-Line пакет кој содржи естетски додатоци и подобрувања на перформансите за моделите Fiesta и Focus.

Роланд де Ваард, потпретседателот за маркетинг на европскиот оддел на Ford, изјави дека ST-Line е дизајниран за купувачите кои сакаат да уживаат во забавните карактеристики и одличниот изглед на Ford-овите модели со високи перформанси во возбудлив и достапен пакет.

ST-инспирираните дизајнерски додатоци вклучени во пакетот опфаќаат трапезоидна решетка со текстура на саќе, темни опкружувања на светлата за магла, челен спојлер на предниот браник за Fiesta, додадок на браникот за Focus, заден дифузер, заден кровен спојлер за Fiesta, црни лајсни на страничните прозорци, поизразени странични прагови, надворешни ST-Line ознаки на предните крила, спортски седишта со црвени опшивки, перфорирана кожа на воланот, поспортска рачка на менувачот, плочки на праговите од вратите и темен тапацир на кровот. Fiesta ST-Line доаѓа со 16-инчни, додека Focus ST-Line вози на 17-инчни алуминиумски фелни.

wasdfghjk

Под спортската шминка, ST-Line пакетот ги подобрува возните карактеристики со спортска суспензија која ја намалува висината на Fiesta и Focus за 10 милиметри. Моделите кои се опремени со PowerShift трансмисија добиваат лопатки за менување на брзини монтирани веднаш позади воланот.

Кај Ford Fiesta, ST-Line пакетот е достапен во спедните бензински и дизелски погонски единици: 1.0 EcoBoost со 100 и 125 кс со пет-степен мануелен менувач, 1.0 EcoBoost со 100 кс и PowerShift, 1.0 EcoBoost со 140 кс и рачен менувач, како и 1.5 TDCi со 95 кс и мануелна трансмисија.

Што се однесува за Focus, купувачите можат да го одберат ST-Line во следните конфигурации: 1.0 EcoBoost со 125 кс и 1.5 EcoBoost со 150 и 182 кс, опремен со шест-степенска мануелна или шест-степенска PowerShift трансмисија, како и 1.5 TDCi со 120 и 150 кс со двете опции за менување.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.