full screen background image
Search

Volvo претстави два нови концепти; најавува два нови модели и иднината на брендот!

Шведскиот производител претстави два нови концепти кои ги нарекува 40 Series – и од нив следната година ќе добиеме два нови автомобили!

Volvo ни претстави два концепти – едниот е кросовер кој го нарекуваат 40.1, а другиот е седан со четири врати кој го нарекуваат 40.2. Согласно номенклатурата која Volvo ја користи за своите модели, најверојатно овие концепти ќе резултираат со сериските XC40 кросовер и S40 седан. Дополнително, ова се први возила кои се директен резултат на соработката меѓу Volvo и Geely, и со овие два модели Volvo ги потврдува своите глобални аспирации.

volvo-40-series3

Според она што го кажуваат од Volvo, новите „40-ки“ ќе се нудат со Т5 Twin Engine плаг-ин хибриден погон – односно со варијанта од технологијата која веќе се нуди во S90, V90 и XC90 плаг-ин хибридите. Новиот погон како основа ќе користи три-цилиндерски бензински мотор, 7-степен автоматски менувач. Она што е навистина важно е новиот електричен модел кој Volvo го најави – и ова ќе биде првиот целосно електричен модел на брендот.

Луѓето од Volvo се горди на овој чекор и кажуваат дека „ќе ги прескокнат многу од играчите во премиум сегментот“ и додаваат дека „новата Compact Modular Architecture платформа која е развиена заедно со Geely ги ослободи дизајнерите и инженерите да истражат нови и храбри насоки.“

volvo-40-series2

Нам новите концепти на Volvo ни изгледаат одлично, особено новиот седан – дизајнерскиот пристап е „варијација на тема“ на дизајнот на одличниот S90 кој неодамна можевме одблизу да го видиме и нè радува што дизајнерите на Volvo се придржуваат до скандинавскиот дизајн кој се манифестира преку чисти линии и површини.

Поврзано:   Volvo Ве кани на Freedom to Move

Концептите ќе резултираат со сериски модели кои треба да се појават на пазарот веќе следната година – а ние со нетрпение ги очекуваме!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.