Новиот Ford GT ќе има карбонски тркала – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Ford GT ќе има карбонски тркала

Луѓето од Синиот Овал непрестајно работат на усовршување на новиот знаменосец на брендот – па новиот Ford GT ќе биде вториот автомобил во гамата кој ќе има тркала изработени од карбон!

Оние кои ќе нарачаат карбонски тркала ќе заштедат еден килограм по тркало – тоа можеби не делува како многу, но верувајте дека прави голема разлика. Ова ќе биде втор модел на Ford кој ќе може да се нарача со карбонски тркала – првиот беше Shelby Mustang GT350R од минатата година.

„Ford беше иноваторот кој прв понуди сериски автомобил со карбонски тркала“ – изјви Dave Pericak, директорот на Ford Performance – „А сега, Ford GT ќе ја понуди следната генерација на карбонски тркала, изработени од напредни материјали со користење на врвна технологија која на нашите дизајнери им дава повеќе слобода но истовремено може да ја прикаже структурата на самото тркало.“

ford-gt-wheels2

Тркалата ќе се нудат во две варијанти – со мат или сјаен финиш и плетката на карбонските влакна ќе биде видлива. Тркалата ги прави компанијата Carbon Revolution и тие користат најнова генерација на технологии за да ги направат овие тркала.

Новиот Ford GT е вистински феномен за Ford – Синиот Овал ќе произведе само 500 примероци од овој автомобил, а веќе се пријавени преку 6000 заинтересирани купувачи кои мораа да испратат посебно барање за да го купат автомобилот. Во моментов луѓе од Ford ги разгледуваат барањата и во следните 90 дена е одлучат кому ќе ги продадат автомобилите. Ексклузивно, зарем не?

ford-gt-wheels3

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.