full screen background image
Search

Aston Martin нè изненади со новиот Vanquish Zagato Concept

Британскиот производител на луксузни автомобили и италијанските дизајнери ја обновија нивната долготрајна врска со новиот Vanquish Zagato Concept!

Соработката меѓу Aston Martin и Zagato трае повеќе од педесет години, но за сето тоа време, ова е само петтиот нивни заеднички автомобил. Дизајнот е на Marek Reichmann и Andrea Zagato, како и нивните тимови, а развивањето на самиот автомобил е направено на домашен терен, во Gaydon, Англија.

„Низ годините, ние развивме и рафиниравме сопствен дизајнерски јазик, и секогаш одевме чекор подалеку со специјалните автомобили како што се CC-100, One-77 и Aston Martin Vulcan. Vanquish Zagato концептот покажува како можат да се сплотат нашите две компании и да ги туркаат границите на Aston Martin дизајнот“ – изјави Marek Reichman, главниот дизајнер во Aston Martin.

Концептот има целосно нова каросерија, изработена од карбонски влакна и има препознатливи дизајнерски елементи од историјата на Aston Martin. Познавачите ќе го забележат и double-bubble кровот, класичен детал на Zagato кој се провлекува низ нивните креации од почетокот на 50-тите години на минатиот век. Отворете ја возачката врата и ќе ве пречекаат големи количини на карбон, анодизирана бронза и кожа во ентериерот.

Задолжен за придвижување на Vanquish Zagato Concept е 5.9-литарски атмосферски V12, кој сега е дополнително доработен, па наместо 576 коњски сили кои ги испорачува во „обичниот“ Vanquish, сега испорачува рамно 600 коњски сили!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.