full screen background image
Search

ЕКСКЛУЗИВНО: Игор Стефановски – Иџе и неговиот тркачки Seat Leon на скопските улици!

Успеавме да го уловиме македонскиот автомобилски ас  – Иџе – и неговиот тркачки Seat Leon кој директно од ETCC патеките пристигна на улиците на Скопје!

Тркачки автомобил на улиците на Скопје е навистина несекојдневна глетка – но кога се работи за автомобилот на Игор Стефановски и големиот камион од Lema Racing кој го следи насекаде, тогаш со сигурност сме уловиле и виделе нешто прекрасно.

idze-leon-skopje-rear

Како што веќе знаеме, Иџе по доминантното двократно освојување на шампионската титула на Ридските трки се „пресели“ во ETCC како дел од тимот на LEMA Racing и таму веќе покажува одлични резултати. Ние му честитаме за успехот и му посакуваме уште многу бодови и победи во иднина!

idze-leon-skopje-front

Навистина нема потреба повеќе да зборуваме – тркачкиот Leon на Иџе изгледа фантастично и вечерва ќе биде изложен пред City Mall – поминете и погледнете го, а во меѓувреме погледнете ги нашите фотографии и нашето видео!

Плус видео со звук: :)



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.