Спортскиот BMW M2 претставен и во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Спортскиот BMW M2 претставен и во Македонија!

За време на BMW роуд-шоуто кое се одвиваше во Македонија минатата седмица, своја македонска премиера имаше и духовниот наследник на првиот M3, новиот BMW M2!

Како што веќе сигурно знаете, BMW M2 носи 3-литарски турбо-бензинец со шест цилиндри кој испорачува дури 370 коњски сили и одлични 500 Nm (со Overboost функцијата) благодарение на кои забрзува до 100 километри на час за само 4.3 секунди и постигнува максимални 250 километри на час (електронски ограничени, секако).

Моделот кој беше претставен во Македонија беше со автоматски менувач – иако ние секогаш би го избрале мануелниот – и навистина го задржува вниманието. Нема потреба да зборуваме повеќе – погледнете видео и фотографии од презентацијата.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.