full screen background image
Search

Официјално: Доаѓа BMW M2 Coupe и со себе носи 370 коњски сили!

BMW ги надмина очекувањата на фановите – новото M2 Coupe доаѓа со 3-литарски турбо-бензинец со шест цилиндри кој испорачува 370 коњски сили и до 500 Nm вртежен момент!

3-литарскиот линиски 6-цилиндерец кој соработува со турбополнач на спортското купе со заден погон му испорачува 370 коњски сили и 465 Nm вртежен момент, а благодарение на overboost функцијата може да понуди дополнителни 35 Nm вртежен момент (за вкупно 500 Nm) од 1450 до 4750 вртежи во минута.

Моторот стандардно се комбинира со 6-степен мануелен менувач, и во тој случај 100 километри на час пристигнуваат за 4.5 секунди. Доколку купувачите го изберат 6-степениот DCT менувач со двојна спојка, тогаш бенчмаркот се постиогнува за 4.3 секунди. Максималната брзина кај обете верзии е електронски ограничена на 250 километри на час. Верзијата со мануелен менувач тежи 1590 килограми.

M2 Coupe доаѓа со траги кои се пошироки – 64 милиметри напред и дури 71 милиметар назад (во однос на M235i). За многу компоненти е користен алуминиум, а серво управувачот е рекалибриран за да нуди уште поголемо задоволство зад воланот. Додаден е и Active M Differential, а M2 Coupe добива и поголеми сопирачки – со дијаметар од 380 милиметри напред и 370 милиметри позади.

Секако, M2 Coupe ќе го препознаете и по агресивниот бодикит, големите тркала и големите издувни цевки. Во ентериерот ќе ве пречека изменет панел со инструменти, спортски седишта со спортски детали и уште многу други ситници. Европските цени сè уште не се познати, но очекуваме наскоро да бидат објавени.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.