Освежената SEAT Ibiza пристигна во Скопје! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежената SEAT Ibiza пристигна во Скопје!

Освежената Ibiza на шпанскиот SEAT пристигна во Македонија – и тоа во интересната Velvet изведба!

Velvet изведбата на Ibiza доаѓа со разни детали обоени во сатенски-виолетова боја која одлично одговара на сивата боја на екстериерот – а во ентериерот се истакнуваат забележително поквалитетни материјали. Оние кои подобро забележуваат детали ќе препознаат и нова графика на светлосните групи и уште некои ситни измени на екстериерот – но сепак многу поважни се измените во ентериерот.

seat-ibiza-fl-rear-skopje

Фејслифтираната Ibiza доаѓа и со нов мултимедијален уред, нов управувач и нова рачка од менувачот, а може да се добие и камера за паркирање и уште многу други детали кои можат да направат навистина голема разлика. Ние наскоро ќе имаме можност да ја возиме новата Ibiza и ќе ги пренесеме и нашите импресии од новиот компактен хечбек на SEAT.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.