full screen background image
Search

Ferrari F12tdf – Секогаш може поекстремно!

За оние на кои Ferrari F12 не им беше доволно екстремен автомобил – тука е ултра-егзотичниот F12tdf со 780 коњски сили!

Според она што го кажуваат, луѓето од Ferrari се концентрирале на три работи при развивањето на F12tdf – моторот, аеродинамиката и динамиката. Сега, F12tdf е вистински суперлатив – автомобилот има 6.3-литарски атмосферски V12 кој испорачува 780 коњски сили (40 повеќе од „обичниот“ F12), предните гуми се пошироки, а автомобилот доби и иновативен систем за управување на задните тркала кој се вика Virtual Short Wheelbase.

Овој систем гарантира поагресивно вртење, но и зголемена стабилност на повисоки брзини. Дополнително, автомобилот е „ослабнет“ за цели 110 килограми благодарение на многуте површини обвиени со карбонски влакна и многу од механичките делови изработени од овој егзотичен материјал. Благодарение на сето ова, F12tdf забрзува до 100 километри на час за 2.3 секунди, а од 0 до 200 за само 7.9 секунди!

Како што веќе напоменавме – моторот нуди 780 коњски сили при 8500 вртежи, но нуди и 705 Nm вртежен момент од 6750 вртежи во минута. Моторот е впарен со специјално изработен F1 DCT менувач кој има 6 проценти пократки односи на брзините, и менува брзини за 30, односно 40 милисекунди побрзо – во зависност од тоа дали одите степен погоре или подолу. Задолжени за сопирање на F12tdf се истите сопирачки од Ferrari LaFerrari.

Супер! Кога ќе го возиме?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.