full screen background image
Search

Toyota нè изненади со GT86 Shooting Brake Concept

Тотално ненајавено, Toyota претстави концептна Shooting Brake изведба од спортскиот GT86, развиена од дизајнерскиот тим во Австралија и рачно направена во Јапонија.

Целта за создавање на овој концепт била да се зголеми практичноста, но да се задржи остриот купе дизајн и спортскиот карактер на возење. Возилото е целосно функционално, и веќе било тестирано на затворени патеки. Концептот го задржува предниот дел од серискиот модел, само кровот и задната четвртина се изменети за да се добие попросторен и подолг багажник. Според Австралискиот дизајнерски директор Николас Хогиос, GT86 Shooting Brake сега е способен да носи велосипеди или даски за сурфање.

Не се објавени детали од погонската единица на концептот GT86 Shooting Brake, но за потсетување, купе изведбата користи 2.0-литарски четири-цилиндарски боксер агрегат, кој го дели со Subaru BRZ. Истиот развива 200 коњски сили и 205 Nm вртежен момент, кои му овозможуваат да забрза од 0-100 км/ч за 7.6 секунди кон максиналната брзина од 226 километри на час.

Сепак, иако изгледа целосно подготвена за да излезе на пазарот како втора верзија од GT86, нејзината иднина останува неизвесна, исто како на визијата со отворен покрив GT86 Open Concept.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.