Кога го возевме одличниот и забавен GT86, си помисливме „ех, колку би било подобро да можевме да го отвориме кровот“. Сега можеме!
Toyota GT86 Open Concept ќе го доживее своето деби следната недела на автомобилскиот саем во Женева. Сеуште не знаеме дали Open Concept ќе добие друг мотор, но најверојатно ќе го задржи одличниот 2-литарски боксер агрегат кој добро го познаваме од купе верзијата.
Покрај очигледно отсечениот кров, има разлики и во носачите на ветробранското стакло, но и нови, поголеми тркала. Автомобилот ќе добие платнен покрив – можеме да го приметиме тоа по дискретниот и пропорционален заден дел. Сеуште не знаеме дали кровот ќе се придвижува автоматски или рачно.
Додека ги чекаме сите официјални податоци – уживајте во фотографиите и видеото од GT86 Open Concept!