Пристигна Ferrari 488 GTB со ѕверски 900 коњски сили од VOS! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна Ferrari 488 GTB со ѕверски 900 коњски сили од VOS!

Ferrari отвори нови врати во тјунингот со претставувањето на твин-турбо моделот 488GTB, а германскиот тјунер VOS Gmbh успеа да извлече значително повеќе сила од 3.9-литарскиот V8 мотор.

Тоа е бидејќи за разлика од неговите атмосферски аспирирани претходници, новите турбополнети агрегати се едноставно полесни за модифицирање, и само прашање на време беше кога ќе видиме “ѕверски” 488GTB. Името на компанијата VOS е акроним кој претставува Vision of Speed, или во превод ‘визија на брзината’, a нивната филозофија се врти околу создавање на уникатни постпродажни продукти, без да се расипе основниот карактер на автомобилот.

Кај 488GTB, во најснажниот Stage 3 пакет тие ја зголемиле силата на 3.9-литарскиот V8 агрегат од 670 кс и 760 Nm на масивни 900 кс и брутален вртежен момент од 1233 Nm. Но, доколку сакате “поцивилизирана” верзија, VOS нуди два пакети со 750 кс и 1098 Nm, како и 830 кс и 1166 Nm. Не се објавени резултатите од овие бројки, но можеме да замислиме дека е постигната значителна разлика во споредба со стандардните бројки за забрзување од 0-100 за 3 секунди и максималната брзина од 330 км/ч.

Што се однесува до изгледот на автомобилот, за да ја истакне својата уникатност, тој е опремен со карбонски додатоци кои вклучуваат преден сплитер, странични прагови, заден дифузер, спојлер, капаци на ретровизорите и перка на отворот за воздух. Измените на екстериерот ги комплетираат 21-инчните Loma фелни обвиени во 225/35 предни и 325/25 задни пневматици, кои ќе ја пренесуваат силата кон подлогата и придонесуваат за поагресивен став на автомобилот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.