Peugeot објави реални бројки за потрошувачката на кросоверот 2008 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot објави реални бројки за потрошувачката на кросоверот 2008

Како што претходно најави, Францускиот производител објави бројки за потрошувачката на кросоверот 2008, кои биле добиени од возење во секојдневни услови, а не во контролирана средина за испитување.

Од нашето досегашно искуство, а и искуството на сите оние кои поседуваат автомобил, јасно е дека бројките за секојдневната потрошувачка на гориво значително се разликуваат од оние објавени во каталогот на автомобилот кој го возиме. Поради таа причина и со цел да им даде појасна слика на купувачите, Peugeot се одлучи да објавува реалнуи бројки за потрошувачката на нивните модели.

NGO Transport & Environment Протоколот кој Peugeot го користи за добивање на овие бројки опфаќа тестирање низ 96 километри долга патека која содржи градски, магистрални патишта и автопати. Исто така, автомобилот вози со вклучена клима, патници и багаж преку најразлични издигнувања и спуштања на патот. Како тоа да не е доволно веродостојно, протоколот користи и селекција од професионални и аматерски возачи, индиректно вработени од Peugeot, со цел да обезбеди што е можно попрецизни резултати.

Ова се објавените бројки за две верзии на 1.2-литарскиот PureTech бензински агрегат и две верзии од 1.6-литарскиот BlueHDI дизелски агрегат од неодамна обновениот кросовер на Peugeot:

Модел и Погонска Единица              NEDC тест       NGO Transport & Environment протокол

Peugeot 2008 1.2 PureTech 130         4.8 спроти 7 л/100 км за PureTech 130
Peugeot 2008 1.2 PureTech 82           4.9 спроти 6.3 л/100 км за PureTech 82
Peugeot 2008 1.6 BlueHDI 120           3.7 спроти 5.2 л/100 км за BlueHDI 120
Peugeot 2008 1.6 BlueHDI 100           3.7 спроти 5.2 л/100 км за BlueHDI 100

Следната серија на реални бројки на потрошувачка ќе биде објавена во Јули. Ние го поздравуваме овој чекор на Peugeot и ги охрабруваме и другите производители да применат сличен начин на мерење на официјалната потрошувачка на гориво.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.