full screen background image
Search

ОФИЦИЈАЛНО: Новиот Bugatti Chiron – 1500 коњски сили, 2.5 секунди до 100, 420 километри на час!

Конечно – по многу шпекулирање и најавување – Bugatti го претстави новиот Chiron – кој навистина е достоен наследник на легендарниот Veyron!

Bugatti тукушто ги објави деталите и спецификациите за наследникот на Veyron – премиерата ќе се случи утре во Женева но ние веќе ги имаме сите детали. Да започнеме од новиот 8-литарски W16 мотор кој сега нуди 1500 коњски сили и 1600 Nm вртежен момент. Тој мотор ветува забрзување до 100 километри на час за „помалку од 2.5 секунди“ и максимална брзина од 420 илометри на час. Новиот Chiron има и четири турбополначи кои работат во две фази и со тоа би требало целосно да се елиминира таканаречената „турбо-дупка.“

Дополнително, според Bugatti, новиот Chiron ја има најголемата спојка досега поставена во патничко возило – што воопшто не нè изненадува, со оглед на монструозните 1600 Nm вртежен момент.

Платформата е целосно нова и структурата е скоро целосно изработена од карбонски влакна. Во игра влегува и новата адаптивна шасија оја нуди 5 различни режими на работа, а за застанување има 8-клипни кочници напред и 6-клипни позади, како и 20-инчни гуми напред, односно 21-инчни позади. Оние со поостар вид ќе забележат и предни светла во LED технологија, и уште многу, многу повеќе. Наскоро ќе имаме повеќе информации за новиот Bugatti Chiron – но, Дами и Господа – ова е новиот бенчмарк!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.