DS во Женева ќе го претстави електричниот E-Tense – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

DS во Женева ќе го претстави електричниот E-Tense

Луксузниот огранок на Citroen во Женева ќе претстави електрично спортско купе!

Според DS Automobiles, спортското купе ќе може да постигне 100 километри на час за само 4.5 секунди и максимална брзина од 250 километри на час. Сето тоа се должи на електромотор кој испорачува 402 коњски сили и 516 Nm вртежен момент. Електричната енергија ќе доаѓа од литиум-јонска батерија поставена под шасијата, а вкупната автономија е 360 километри при урбано, односно 310 километри при комбинирано возење.

E-Tense е долг 4.72 метри, широк 2.08 метри и висок само 1.29 метри. Наскоро ќе знаеме повеќе за E-Tense, за кој според Citroen се потрошени повеќе од 800 часа само за дизајнот!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.