full screen background image
Search

Првиот примерок од новата E-Class на Mercedes-Benz излезе од производната лента!

Во фабриката на Mercedes-Benz во Sindelfingen започна производството на новата E-Class на сребрената стрела!

Mercedes-Benz ја искористи можноста да ги собере сите предци на најновата E-Class и да ги нареди сите девет примероци на целната линија во Sindelfingen. Директорот на фабриката – Michael Bauer – изјави дека „E-Class е сè што ја прави нашата фабрика најкомпетентна кога станува збор за возила од повисоките и луксузни класи – традиција, иновација и желбата да се постават стандардите меѓу најдобрите на светот.“

Новата E-Class носи многу нови технологии, меѓу кои и технологии за автономно возење. Фабриката на Mercedes-Benz е меѓу најголемите на брендот и во неа се вработени преку 25.000 луѓе и таму се произведуваат E-Class (во седан и караван изведба), CLS и CLS Shooting Brake, S-Class (во седан, Coupe и Cabriolet варијанти), како и Mercedes-Maybach и AMG GT.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.