full screen background image
Search

Познати финалистите за Македонскиот Автомобил на Годината за 2016

Во трка за престижната титула се најдоа 7 автомобили, а жирито е во тек на одбирање на победникот.

Согласно правилата за избор на кандидати и финалисти, жирито кое по 21-ви пат ќе го избира македонскиот Автомобил на Годината ја направи селекцијата и ги одбра автомобилите кои оваа година ќе се борат за титулата.

Жирито ги анализираше сите автомобили кои ги исполнуваат условите, и конечните седум финалисти се:

Како што наложуваат правилата, во тек е последната фаза од изборот за Автомобил на Годината во Македонија. Како и минатата година, и оваа година можете и вие да учествувате на изборот и самите да помогнете вашиот фаворит да стигне до титулата. Дајте го вашиот глас на официјалната веб-страница на изборот за Автомобил на Годината во Македонија – победникот на онлајн гласањето ќе добие екстра глас при финалниот избор.

Овогодинешниот победник ќе биде објавен во текот на овој месец. Колку за потсетување, да се навратиме на досегашните победници:

  • 1996 Fiat Bravo/Brava
  • 1997 Renault Megane
  • 1998 Opel Astra
  • 1999 Škoda Octavia
  • 2000 Fiat Punto
  • 2001 Seat Leon
  • 2002 Toyota Corolla
  • 2003 Mazda 6
  • 2004 Mazda 3
  • 2005 Seat Altea
  • 2006 Vоlkswagen Passat
  • 2007 Opel Corsa
  • 2008 Kia Cee`d
  • 2009 Volksvagen Golf VI
  • 2010 Opel Astra J
  • 2011 Hyundai iX35
  • 2012 Кia Rio
  • 2013 Seat Leon
  • 2014 Škoda Octavia
  • 2015 Ford Mondeo

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.