full screen background image
Search

Објавени нови цени на горивата – бензините и дизелот поскапуваат

По неколкунеделното рекордно намалување, Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи од вечерва да ги зголеми цените на горивата за 0.5 односно 2 денари.

Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 5.14 проценти. Тоа значи дека цената на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 0.50 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 58 односно 60.00 денари.

Истовремено, цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 2 денари, и еден литар дизел ќе чини 41 денар.

Како што напоменавме, новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.