full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Audi R8 е возбудлив како вселенско летало!

Audi подготвија интересно видео за овогодишниот Super Bowl, во кое ја нагласуваат возбудата која ја ослободуваат перформансите на новиот R8.

90 секунди долгата реклама ја прикажува приказната на пензиониран астонаут од Аполо, кој е во депресија поради тоа што најдобрите години се позади него. Гледајќи го така, неговиот син му ги подарува клучевите од Audi R8 V10 Plus и тој одеднаш ја искусува истата радост и возбуда од патувањето во вселената повторно.

Новиот Audi R8 ќе започне да се продава оваа пролет, а основниот модел располага со 5.2-литарски атмосферски V10 мотор кој произведува 540 кс и 540 Nm вртежен момент. Тој е поврзан со седум-степен S троник менувач со двојна споја и Quattro погон на сите тркала со приоритет кон задната оска. Ова му овозможува на автомобилот забрзување од 0-100 км/ч за 3.5 секунди пред да ја постигне максималната брзина од 320 км/ч.

Посилниот R8 V10 Plus ја користи истата погонска единица но засилена на 610 кс и 560 Nm, a резултат на тоа се пократкото забрзување од место до 100 км/ч за 3.2 секунди и максималната брзина од 330 км/ч.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.