full screen background image
Search

Volvo V90 пристигнува на 18ти Февруари

Караванската изведба на новиот седан на Volvo ќе ја доживее својата премиера на 18ти Февруари – но ние веќе знаеме како ќе изгледа новиот модел!

Според шведскиот Teknikens Varld, караванската изведба на S90 – моделот V90 – ќе ја има својата премиера на 18ти Февруари. Токму Teknikens Varld стигнаа до првите фотографии од новиот караван – и од она што можеме да го видиме, нам ни изгледа одлично. Премиерата е закажана точно две седмици пред почетокот на Саемот на Автомобили во Женева.

volvo-v90

Исто као и S90, и караванскиот V90 е базиран на новата SPA архитектура на Volvo – па соодветно на тоа можеме да очекуваме дека ќе ги носи истите бензински и дизел мотори. Секако, тука ги вбројуваме D4 и D5 турбодизелите со 190, односно 235 коњски сили, како и Т5 и Т6 турбо-бензинците кои нудат 254, односно 320 коњски сили. Секако, во план е да се понуди и знаменосец во форма на twin-engine хибрид кој ќе ја носи ознаката T8.

S90 ќе пристигне во салоните во Јуни, а продажбата на V90 се очекува да започне во Септември. Ќе се нудат веќе очекуваните Kinetic, Momentum и Inscription нивоа на опрема, а во план е да се понуди и поспортска R-Design варијанта која ќе пристигне на пазарот малку подоцна.

Извор: Teknikens Varld



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.