full screen background image
Search

Македонија го следи европскиот тренд – Ford Fiesta е најпродавано мало возило

Компактниот хечбек на Синиот Овал е најпродавано мало возило во Македонија, а воедно може да се пофали со истиот успех и во Европа – веќе четири години по ред!

На македонскиот пазар, Ford Fiesta има удел од над 20% во вкупната продажба на возила во Б-сегментот за минатата година. Додека и во Европа е на првата позиција, веќе четврта година по ред, благодарение на значајните надградувања во стајлингот и функционалностите на возилото. Статистиките покажуваат дека во 2015 година, граѓаните на Европа купиле 314.432 Ford Fiesta возила, што е за два проценти повеќе од претходната година, кога биле купени 309.120 илјади возила.

fiesta-most-popular

“Клиентите што посакуваат мали автомобили ќе најдат се што бараат во Fiesta, без разлика дали станува збор за мала емисија на издувни гасови (82 g/km CO2) кај Fiesta Econetic или за наградуваните перформанси на моделот Fiesta ST и на моторот Ford EcoBoost“, вели Роелант де Ваард, потпретседател за маркетинг, продажба и сервис во Ford Европа.

Извор: PR Ford



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.