Истражување за доверливост на автомобилските производители одржано од Организација на корисници со преку 30,000 учесници го круниса Honda како најдоверлив бренд.
Истражувањето вклучувало над 178 различни модели, а Јапонскиот производител освоил рејтинг на доверливост од 93/100, додека 79% од учесниците искажале дека би препорачале најмалку еден од моделите на Honda. Моделот Honda Jazz завршил прв во неговата категорија, следен од Toyota Prius и Renault Clio. Останатите модели од компанијата како Civic, CR-V и Insight биле слично оценети во нивните категории и завршиле во Топ 10 од нивните сегменти.
Ова истражување било главно фокусирано на доверливоста и ги испитало учесниците дали искусиле некое откажување во минатите години и собирало информации со каков тип на проблеми се соочувале возачите. Според собраните податоци, еден од три возачи доживеал откажување на неговото возило во текот на последната година, а на 10% од нив тоа им се случило во возење. Најчестата причина за ова е проблем со електричниот систем, следен од системот за сопирање и електрониката на моторот.