full screen background image
Search

Брендот DS планира повеќе спортски модели

Само неколку денови по откривањето на новиот DS 3 и подбрендот DS Performance, Citroen објави дека се работи и на други спортски модели.

Во разговор со Auto Express, потпретседателот на развој на нови производи на брендот DS – Ерик Аподе изјавил дека во развој се повеќе изведби со високи перформанси, но не појаснил точно кои модели ќе ги добијат тие изведби во нивната гама.

Најпрвиот модел се очекува да биде базиран на неодамна претставениот DS4. Најверојатно е дека ќе го користи истиот 1.6-литарски бензински агрегат како Peugeot 308 GTI, но во непознато крајно издание. Понатаму, можно е да биде лансирано и купе со две врати, кое исто така се очекува да добие спортска верзија.

Аподе додал и дека моделите од DS Performance нема да бидат тркачки ориентирани чудовишта, туку ќе го задржат комфортот кој е главна особина на секој DS модел.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.