full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Рањоти и Renault RS 01 ловат на патиштата!

Веќе знаеме дека Renault RS 01 e фантастичен и многу возбудлив тркачки автомобил, но сега Францускиот бренд ни покажува дека исто така може да биде и одлично полициско возило.

Тој со неговиот 3.8-литарски V6 агрегат со 542 кс кој потекнува од Nissan GT-R и релативно ниската маса од 1,120 килограми, која е идентична со онаа на Clio, има навистина импресивни перформанси. Покрај тоа, кога позади неговиот волан ќе се најде легендарниот рели возач Жан Рањоти, речиси неверојатно е дека некој автомобил ќе успее да му побегне.

Во промотивното видео покрај оваа главна ѕвезда се забележуваат и останатите нови модели од гамата на Renault во споредните улоги. Па така во сцената на автопатот во позадина остануваат Megane, Clio, Twingo, Espace итн.

Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.