full screen background image
Search

Официјално: Renaultsport R.S. 01 – Ултра лесен тркач со повеќе од 500 коњски сили!

По неодамнешната најава, Renault официјално го претстави R.S. 01 – ултра-лесниот тркач со мотор од Nissan GTR кој има на располагање повеќе од 500 коњски сили!

Веднаш треба да биде јасно – ова е автомобил наменет исклучиво за тркачките патеки. Благодарение на карбонската монокок шасија која ги задоволува LMP1 регулативите развиена во соработка со Dallara, ниската тежина – автомобилот тежи помалку од 1100 килограми – и твин-турбо V6 моторот од NIssan GTR кој испорачува повеќе од 500 коњски сили и 600 Nm вртежен момент, можеме да очекуваме застрашувачки перформанси.

Моќта се пренесува кон задните тркала преку седум-брзински Sadev секвенцијален менувач, а автомобилот може да постигне максимална брзина поголема од 300 километри на час. Автомобилот е долг 4710 милимтери, широк 2000 милиметри и висок 1166 милиметри. Според Patrice Ratti, претседателот на Renault Sport Technologies, R. S. 01 е совршен брак меѓу убавината на Renault DeZir и перформансите на Formula Renault 3.5.

Автомобилот ќе чини 282.000 фунти (околу 355.000 евра) и ќе се користи во World Series by Renault за потребите на нов шампионат кој ќе се вика Renaultsport Trophy. Ова ќе биде шампионат со само еден вид на возила и ќе бидат потенцирани „фер техничките услови, спортската етика и контролата на трошоците“.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.