full screen background image
Search

Прва фотографија од новата Suzuki Vitara!

Јапонскиот производител ја претстави новата Vitara – но сега за сега објавени се само една фотографија и едно кратко видео.

Suzuki за прв пат ја покажа новата Vitara, но официјалната премиера е закажана за Октомври, за парискиот саем на автомобили. Интересен податок е дека името Vitara за прв пат се користеше пред повеќе од половина век, на сличен модел.

Погон на предните тркала ќе биде стандарден, но за оние кои се спремни да доплатат, Vitara ќе нуди ALLGRIP систем со погон на сите четири тркала, преземен од SX4 S-Cross. Според најавеното, новата Vitara ќе ја придвижуваат бензински и дизел мотори. Сузуки истовремено ветува ниска потрошувачка и екстремно ниска емисија на CO2.

Продажбата ќе започне следната пролет.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.