full screen background image
Search

GM-AvtoVAZ ја претстави Chevrolet Niva, најавува сериски модел!

Рускиот огранок на GM – компанијата GM-AvtoVAZ претстави концепт за наследник на легендарната Lada Niva – а се работи за навистина екстремен и интересен автомобил!

Од фиоката означена „никој нема да го очекува ова“ доаѓа концепт за наследник на Lada Niva. Компанијата GM-AvtoVAZ (ни нас не ни е баш јасно, особено кога знаеме дека Renault го купи AvtoVAZ пред неколку месеци) претстави концепт со кој најавува наследник на легендарната Lada Niva.

Сега за сега нема никакви официјални податоци околу перформансите, но објавено е дека ќе се користи 1.8-литарски четири-цилиндерски бензинец од PSA групацијата (уште еден нелогичен дел во сложувалката) со зафатнина од 1.8 литри и 135 коњски сили. Силата ќе се пренесува кон сите четири тркала преку заклучувачки диференцијал.

Интересен концепт, зарем не?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.