full screen background image
Search

BMW 6 Gran Coupe by Prior Design – Агресивен спортски луксуз!

Prior Design ја покажа својата визија за тоа како може да изгледа серијата 6 Gran Coupe на BMW!

Моделот кој го гледаме е M6 Gran Coupe, но истиот бодикит може да биде поставен и на обичното 6 Series Gran Coupe. Има нови предни и задни браници, заден дифузер, додатоци на крилата, странични прагови, заден спојлер и нова хауба со отвор за воздух.

Може да се добие и пониска суспензија, изработена од H&R, како и 20-инчни тракала во различни бои. Prior Design може да го дотера и ентериерот според желбите на купувачот. Перформансите не се не никако модифицирани, но сепак овој бодикит изгледа агресивно и привлечно!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.