Премиера: Новото Renault Twingo – Урбана забава на заден погон! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Новото Renault Twingo – Урбана забава на заден погон!

Новото Renault Twingo и официјално е претставено на светската јавност – градскиот малишан не само што ќе има погон на задните тркала, туку и задно поставен мотор!

Од Renault гордо изјавуваат дека платформата врз која е направено новото Twingo е проектирана во соработка со Daimler. Целта на новото Twingo е да се понуди попросторно и подинамично градско возило, а токму задно поставениот мотор и погонот на задните тркала се едно од решенијата за тој проблем. Како што знаеме, истата платформа ќе се користи за моделите на Smart со две и четири седишта.

renault-twingo-stripe

Новото Twingo ќе се нуди во четири весели бои – светло сина, бела, жолта и црвена. Истовремено, новото Twingo влече многу инспирација од легендарниот Renault 5, а нам ретро деталите ни изгледаат одлично. Задната врата е визуелно споена со задните светлосни структури, па и од позади изгледа модерно.

renault-twing-side-rear

Ентериерот ќе биде прикажан на 4ти Март во Женева, а најверојатно тогаш ќе ги дознаеме сите детали и околу моторите кои ќе се вградуваат во Twingo. Според она што го знаеме, ќе се вградува 0.9-литарскиот TCE кој го познаваме од Clio, но и 1.2-литарски атмосферски бензинец. Со оглед на спортскиот карактер на новото Twingo, сосема е извесно дека ќе добиеме и спортска RS верзија која би имала околу 135 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.