Дизајнерска визија за Citroen DS5 Coupe од Давид Кардосо – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дизајнерска визија за Citroen DS5 Coupe од Давид Кардосо

Независниот автомобилскиот дизајнер Давид Кардосо ја прикажа неговата визија за купе изведба од DS5 моделот на Citroen.

Концептот изгледа како полуксузен наследник на C4 Coupe, со тоа што спојува ексцентричен Француски дизајн со линии на три-вратно купе. Резултатот е уникатна идеја која изгледа како да потекнува баш од дизајнерскиот тим на Citroen. Предниот дел е направен во агресивен стил со големи отвори за воздух, детали од хром и светлосни групи со LED технологија, додека позади се забележува „лебдечки“ кров под кој владее безредие од линии.

Ние би сакале автомобилот да добие измени во задниот дел за да биде подедвнакво привлечен како и напред, и да се најде во гамата на Францускиот производител, за потоа со задоволство да го гледаме по улиците.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.