full screen background image
Search

Techart им ветува повеќе забава на купувачите на Porsche 911 Turbo S

Благодарение на тјунинг пакетот на Techart, сопствениците или идните купувачи на Porsche 911 Turbo S ќе можат да уживаат во максимални 620 коњски сили!

Пакетот кој го нуди тјунерската фирма од Германија нуди значителни зголемувања на фабричките бројки со кои располага 911 Turbo S. Со овој пакет, Turbo S добива дополнителни 60 коњски сили и 130 Nm вртежен момент – односно вкупно 620 коњски сили и 830 Nm вртежен момент. Благодарение на ова покачување, Techart 911 Turbo S забрзува до 100 километри на час за 2.8 секунди и постигнува максимална брзина од 328 километри на час – подобрување од 0.3 секунди и 10 километри на час.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.