Renault ги објави првите фотографии од новиот Espace – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault ги објави првите фотографии од новиот Espace

Францускиот производител ги објави првите фотографии и детали од новиот Espace и ги изненади фановите со тоа што го декларира автомобилот како кросовер!

Espace очгледно влече инспирација од Initiale Paris концептот кој беше претставен минатата година, а Renault го опишува како „голем, елегантен и иновативен кросовер“ наместо да го опише како повеќенаменско возило. Сепак, со повисоката суспензија навистина наликува на кросовер.

renault-espace-rear

Renault Espace ќе се нуди во верзии со пет и седум седишта, и ветува голема модуларност. Според Renault, многу внимание е посветено на деталите, дизајнот и изработката. Сега за сега нема официјални фотографии од ентериерот, но според најавите Espace ќе нуди „осветлен, комфорен и модуларен“ ентериер, кој исто така го опишуваат и како пријателски настроен кон патниците.

renault-espace-front

Она што го знаеме е дека Espace е поставен на новата CFM1 платформа на Renault-Nissan, а кога станува збор за моторите, се очекува гама на турбо-полнети четири-цилиндрични бензински и дизел мотори.

renault-espace-interior

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.