Volvo V40 Cross Country добива погон на сите четири тркала. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volvo V40 Cross Country добива погон на сите четири тркала.

Кросовер изведбата на хечбекот на Volvo ќе стане вистински поспособна да ги напушти асфалтираните патишта благодарение на погонот на четири тркала кој сега ќе биде достапен.

Моделот V40 на Volvo е интересна алтернатива на Германскиот естаблишмент – шведската филозофија за тоа како еден хечбек треба да изгледа и функционира е несекојдневно исчекорување од она на кое сме навикнати. Сега Volvo ја направи кросовер изведбата на V40 вистински способна да го напушти асфалтот со додавање на можноста да се нарача систем за погон на сите четири тркала.

Volvo V40 Cross Country Ocean Race Edition - interior

Сега за сега, погонот на сите четири тркала ќе се нуди исклучиво со Drive-E T5 турбо-бензинецот кој испорачува 245 коњски сили. Според челникот за истражување и развој на Volvo, Peter Martens, „комбинацијата на Drive-E T5 моторот и погонот на сите тркала ќе им даде на авантуристички-настроените купувачи моќ да истражуваат, и контролата која им е потребна да бидат самоуверени во сите услови на возење.“

Volvo V40 Cross Country, exterior, side, rear

Емисијата на штетни гасови изнесува 149 грама CO2 на изминат километар, а од Volvo тврдат дека кросоверот е значително поеколошки-прифатлив од неговите Германски ривали кога се опремени со бензински  мотор, автоматски менувач и погон на сите четири тркала. Сепак, нам ни е малку нејасно зошто Volvo не го нуди погонот на сите четири тркала и кај некоја дизелска изведба – сепак дизелите се значително попопуларни во овој сегмент.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.