full screen background image
Search

Ferrari ја претстави ексклузивната 458 Speciale A; ќе бидат произведени само 499 примероци!

Само 499 примероци од ексклузивната 458 Italia Aperta ќе бидат произведени – отворениот спортист нуди 605 коњски сили!

458 Speciale Aperta (Aperta значи „Отворен“ на италијански) ќе биде ексклузивен и лимитиран модел – само 499 примероци ќе излезат од фабриката, а најважен детал е тврдиот покрив на кој му се потребни 14 секунди да се отвори или затвори. Благодарение на алуминиумската конструкција, кровот додава само 50 килограми на тежината и автомобилот ќе тежи само 1340 килограми.

Силата доаѓа од истиот 4.5-литарски атмосферски V8 кој се користи и во верзијата со фиксен кров, и испорачува 605 коњски сили при скоро нереални 9000 вртежи во минута, како и 540 Nm вртежен момент при 6000 вртежи во минута. Забрзувањето до 100 километри на час трае 3 секунди, додека забрзувањето од 0 до 200 километри на час трае 9.5 секунди.

Ова е најародинамичниот Spider модел на Ferrari досега. Поставен е на Grigio Corsa тркала, додека во внатрешноста се забележуваат многу детали од карбонски  влакна. Седиштата се обвиени во алкантара со специјални опшивки и други спортски материјали и детали.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.