full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Исклучителниот Bowers & Wilkins премиум аудио систем во новиот Volvo S90

Bowers & Wilkins е добро-познато име меѓу аудиофилите, а новиот Volvo S90 ќе добие аудио систем токму од овој реномиран производител!

Доколку во вашиот нов Volvo S90 решите да го добиете и премиум аудио системот од Bowers & Wilkins ќе добиете вкупно 19 звучници – меѓу кои 7 Nautilus високотонци, 7 среднотонци, 4 сабвуфер и специјален 250-милиметарски воздушен сабвуфер вграден директно во шасијата на автомобилот – сите поврзани со Class D зајакнувач.

Системот може да понуди три различни режими на работа, со цел да симулира уникатна просторија кога ја слушате музиката во која уживате. Режимите се Studio, Individual Stage и Gothenburg Concert Hall – и последниот режим симулира слушање на музика во оваа легендарна концертна сала. Ние веќе имавме можност да слушнеме како звучи Bowers & Wilkins кога го возевме најновото Volvo XC90 – и верувајте, звучи навистина одлично!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.