full screen background image
Search

Вечерно Кино: Како се правеше Bentley Bentayga – најскапиот SUV на светот!

Погледнете како се одвиваше процесот на дизајнирање и развивање на најскапиот SUV на светот – големиот Bentley Bentayga!

За прв пат го видовме SUV концептот на Bentley на саемот на автомобили во Женева во 2012, но тогаш реакциите од јавноста не беа баш позитивни – па дизајнерите започнаа „од нула“ и конечно го добивме Bentayga.

Најскапиот SUV на светот е првиот ваков модел на Bentley, и според познавачите ќе биде и првиот модел на Bentley со дизел мотор, а не е исклучен ниту хибриден модел, ниту пак SUV-купе модел налик на популарните Mercedes-Benz GLE Coupe и BMW X6. Дополнително, Bentley веќе потврди дека ќе пушти во продажба втор, помал SUV кој се очекува да пристигне на пазарот во 2017.

Почетната цена на Bentayga е некаде околу 200.000 евра, а таму горе во облаците меѓу најскапите SUV автомобили во светот ќе му се придружат најавениот SUV на Rolls Royce кој ќе се вика Cullinan, како и Lamborghini Urus и Aston Martin DBX кога ќе се појават на пазарот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.