full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Porsche Cayman GT4 Clubsport на тркачката патека

Кратко но слатко – така најдобро можеме да го опишеме новото видео со кое Porsche го промовира тркачкиот Cayman GT4 Clubsport!

Porsche Cayman GT4 Clubsport има тркачки-подготвен 3.8-литарски боксерски мотор со шест цилиндри кој испорачува 380 коњски сили. Моќта се испорачува кон задните тркала преку менувач со двојна спојка и тркачки диференцијал. Благодарение на сето ова, Cayman GT4 Clubsport може да постигне максимална брзина од 295 километри на час. Секако, бидејќи се работи за тркачки автомобил, Cayman GT4 Clubsport ги има сите потребни додатоци – сигурносен кафез, поголеми кочници, тркачки седишта и уште многу, многу други додатоци!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.